Ги шокираше фановите! Разликата помеѓу мојата куќа и лудница е само телефонскиот број!

2 мај, 2020
anastasija

Анастасија Ражнатовиќ, ќерка на Светлана Цеца Ражнатовиќ, е многу активна на сите социјални мрежи, а на Тик Ток објави смешен видео запис, со кој изненади многумина бидејќи пцуе.

Никогаш не сме ја чуле маладата Ражнатовиќ да се однесува лошо или пцуе, но сега таа објави видео кое е еден вид имитација. Поточно, целта е главниот актер на видеото добро да го научи текстот или репликата од некое реалити или некој познат филм, потоа да го пушти тонот и само да ја отвори устата за да изгледа дека тој ги изговара тие зборови.

„Сè да му е*ам, разликата помеѓу мојата куќа и лудница е само телефонскиот број“, гласеше репликата, која Анастасија умешно ја синхронизираше.