Глумецот кој го изел домашниот миленик на својата бивша девојка пронајден мртов!

26 април, 2020
dimitri

Тој има играно во сериите „Како ја запознав вашата мајка“ и „CSI“, како и филмот „Индијана Џонс“ и „Кралството на кристални черепи“.

Актерот Димитри Диатченко почина рано во неделата на 53-годишна возраст во неговиот дом во Флорида.

Причината за смртта сè уште не е позната.

Семејството се обидело да го контактира неколку дена, по што била повикана полиција. Службениците кои отишле на неговата адреса откриле дека актерот починал.

Димитри беше најпознат по улогата на Ури во филмот „Чернобилски дневници“ во 2012 година. Тој се појави во многу серии како „Како ја запознав вашата мајка“, „Коски“, „Две девојчиња без пари“ и „CSI: Мајами“.

Димитри е роден 1968 година во Сан Франциско. Неговиот татко е со потекло од Украина, а неговата мајка е од Шведска.

Тој ја шокираше јавноста пред пет години кога и испрати на поранешната девојка слики од нејзиното милениче зајак што го убил, а потоа го јадел! Тој рече дека го сторил тоа за да се одмазди поради раскинувањето, по што добил 60 дена добротворна работа.