Го променија личниот опис – Познатите дами ги изненадија сите со новите фризури!(ФОТО)

17 мај, 20200
Ana Nikolic

Салоните за коса во Србија неодамна ги отворија своите врати. Многу познати дами веднаш по завршувањето на вонредната состојба во земјата, ги нападнаа фризерските салони. Фризерите конечно ги дочекаа своите славни клиенти и веднаш се фатија за работа. Познатите дами се задоволни од својот нов изглед судејќи според новите објави на социјалните мрежи. Некои од нив можеби нема да ги препознаете! Да почнеме..

МАЈА БЕРОВИЌ

За време на нејзината кариера, младата пејачка Маја Беровиќ минуваше низ различни трансформации и секогаш се обидуваше да биде различна од нејзините колеги. Сега таа одлучи да ја промени фризурата, а нејзините следбеници на социјалните мрежи беа повеќе од изненадени. Овој пат таа сакаше да испроба како и стојат локни. Додека едните тврдат дека лошо и стојат, другите се изненадени и воодушевени. Нема средина.

View this post on Instagram

1 or 2?😇 #medobrundolook 🐻

A post shared by Maya Berovic (@mayaberovicofficial) on

ЏЕЈЛА РАМОВИЌ

И слатката пејачка реши да го смени својот имиџ. По два месеци поминати во семејниот дом, таа прво отиде во фризерскиот салон. Реши да направи шишки, кои најверојатно ќе бидат хит оваа сезона. Рамовиќ доби само позитивни коментари за нејзиниот изглед.

НИНА БАДРИЌ

Добро познатата регионална пејачка Нина Бадриќ чекаше повеќе од еден месец и половина за да оди фризер и беше меѓу првите што закажа третман.

Не можеше да го скрие својот ентузијазам, па затоа радоста веднаш ја сподели со бројните следбеници на Инстаграм. Сепак, тие не сите обрнаа внимание на неа и на нејзината одлична фризура , туку гледаа во згодниот млад човек покрај Нина,а коментарот на Нина крена дополнителна прашина – “јас сум толку сигурна во твоите раце”.

АНА НИКОЛИЌ

Сепак, познатата пејачка Ана Николиќ се одлучи за најдрастична промена. Таа реши да ја скрати убавата, долга коса. Тоа е доволно. И покрај тоа што зачуди многу луѓе, Ана Николиќ е задоволна.

“Заљубена сум во мојата нова фризура” – напиша пејачката во описот на видеото што го објави на својот профил на Инстаграм, во кое ја пееше нејзината легендарна песна „Bilo je lepo“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *