Годините го направија своето: Погледнете како изгледа денес Ѕверка, миленикот на жените во серијата „Сексот и градот“! (фото)

22 април, 20200
seksot i gradot

Холивудскиот актер Крис Нот, кој стана познат низ целиот свет со неговата улога како Ѕверка во серијата „Сексот и градот“, денес не е како оној заводник од пред 20 години. Годините го одработија својот дел, па тој денес изгледа малку поинаку.

Поминаа 10 години од последниот филм во кој го глумеше ликот Ѕверка, а во сеќавањето на жените тој сè уште е тој човек со заводлив поглед. Сепак, во реалноста, работите се малку поинакви.

Во меѓувреме, тој малку се „опушти“, но изгледа дека на неговите обожавателки тоа не им пречи, па многу од нив го следат на Инстаграм.

Изгледа дека фризурата по која беше препознатлив му здосадила, па тој одлучил да направи драстична промена. Последната фотографија што ја сподели предизвика поделени мислења.

Што мислите Вие?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *