Градите толку и испаднаа што никој не гледаше во него: Деруло прв пат во јавност со новата девојка

17 јуни, 20200
Annotation 2020-06-17 004213

Пејачот веќе неколку месеци е во врска со позната инфлуенсерка, а сега за прв пат се фотографирани заедно во јавноста.

Американскиот пејач и танчар Џејсон Деруло (30) и инфлуенсерката Џена Фрумс (26) прв пат беа фотографирани заедно во јавноста и со тоа потврдија дека навистина се во врска. Озборувањата за новата љубов меѓу 30-годишниот пејач Џејсон Деруло и 26-годишната Џена Фрумс почнаа откако двајцата се пофалија на социјалните мрежи како заедно го поминуваат времето во карантин поради корона вирусот.

Парот заедно излезе во еден клуб во Лос Анџелес кој повторно ги отвори своите врати, а за таа прилика не пропуштија да се средат.

Џена со својата појава дефинитивно го засени Џејсон, во бел краток фустан кој едвај ги додржуваше нејзините бујни гради и на сите им ја покажа магијата со која го освои своето ново драго момче.

Носеше крем салонки и чанта во иста боја, додека на главата имаше атрактивни руси локни.

Џејсон за истата прилика беше облечен во шарено одело со елек и бела кошула, а насмевката не ја тргна од лицето.

Да ве потсетиме, парот заедно се изолираше во неговиот луксузен дом во Лос Анџелес додека траеше пандемијата на корона вирусот, но озборувањата за врската не ги коментираа јавно, а на социјалните мрежи објавија заеднички снимки и покажаа како вежбаат, изведуваат акробации и добро си поминуваат заедно.

-Џејсон и Џена не беа долго во врска пред да почне изолацијата, но се одлучија на следниот сериозен чекор и не зажалија. И двајцата имаат жив дух, па навистина добро се согласуваат. Џејсон некое време не сакаше да се врзува со никој, посебно додека е на светска турнеја. Но ова му се чинеше правилно и свесен е за она што се случува – изјави нивен близок извор.

Последната љубовна врска на Џејсон за која неговите обожаватели знаат е со манекенката за долен веш Дафни Џој во 2016 година, а пред тоа три години се забавуваше со пејачката Џордин Спаркс со која раскина во 2014-та година.

Џена, која може да се пофали со бројка од 3,8 милиони следбеници на инстаграм профилот, пред Џејсон се гледаше со фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард со кој раскина во март 2018 година, и ова ѝ е прва јавна врска по две години. Во галеријата погледнете ги фотографиите од новопечениот пар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *