Хари и Меган со маски и ракавици делеле храна по домовите во Лос Анџелес- никој не ги препознал!

18 април, 20200
hari i megan

Меган Маркл и Принцот Хари се снимени од безбедносна камера како делат храна на луѓе во Калифорнија. Парот бил облечен во фармерки и маици, со маски и ракавици, кои во Лос Анџелес се задолжителни кога излегувате надвор.

Познатиот пар бил следен со безбедносен тим во автомобил кој возел позади нив, пазејќи да не им се случи нешто додека добротворно работеле.

Додека Хари носел сина марама преку лицето, Меган носела хируршка маска. И Меган и Хари имале по една заштитна ракавица на десната рака.

Парот два дена волонтирал во погодената област, делејќи им храна на жителите кои се во изолација.

Станарите не биле информирани дека Меган и Хари ќе им дојдат во посета, а ниту ги препознале.

Единствено Ден Тирел (53) ги препознал војводата и војвотката од Сасекс. “Ми заѕвоне телефонот и слушнав женски глас: Овде е Меган од проектот Храна од ангелите. Дали можете да се симнете долу по храната?

Не знаев дека тоа е таа Меган, но кога покрај неа го видов црвенокосото момче, сфатив за кого станува збор. Не сакав да им биде непријатно, па се направив дека не ги познавам.”

Кон крајот на март парот се преселил од Канада во Лос Анџелес. Тогаш Трамп ги дочекал кажувајќи им дека нема да го финансира нивното обезбедување, но парот изјавил дека сами ќе си го финансираат своето обезбедување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi