Хелена Роза славеше роденден – еве колку години наполни (ФОТО)

18 август, 20200
helena 2

Веќе неколку години, поранешната македонска ТВ водителка Хелена Роза заедно со семејството живее и работи во Нов Зеланд.

Таа е често присутна на социјалните мрежи, од каде дознаваме за нејзините активности далеку од родната земја.

Меѓутоа, Хелена сега имаше посебен повод за славење, а токму на нејзина адреса пристигнуваа грст честитки.

Имено, Хелена го слави својот роденден. Токму по тој повод таа се огласи на социјалните мрежи и во кусите приказни на „Инстаграм“ се чиститаше роденден сама на себе, но и откри дека полни 43 години.

За разлика од некои познати, екс водителката не ги крие годините и без комплекси откри колку ги има.

На нејзина адреса се нижеа честитки од пријатели, следбеници, роднини, но тука е и честитката од нејзината ќерка Кјара која направи колаж од неколку заеднички фотографии и честиташе на својата мајка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *