Холивудски ѕвезди кои ретко зборуваат за своите браќа и сестри – премногу личат едни на други, но тоа не е доволно за успех!

27 јули, 20200
hollywood

Бројни холивудски личности имаат членови во своето семејство кои исто така се занимаваат со јавна работа, но заради нивната популарност не успеаја да дојдат до израз.

Бред и Даглас Пит

Даглас Мајкл Пит е три години помлад од неговиот брат Бред и многу личи на него. Тој се занимава со продажба на недвижни имоти, инвестиции, но и хуманитарна работа.Даглас е основач на хуманитарната организација Care to Learn,која им помага на децата и амбасадор на УНИЦЕФ. Тој е првиот амбасадор на добра волја доделена од државата Танзанија за неговите заслуги на африканскиот континент. Неговата хуманитарна работа им помогна и на илјадници деца ширум Америка. Бред и Даг прв пат се појавија во јавноста заедно во 2004 година на премиерата на „Враќање во играта“.

Никол и Антонија Кидман

Сестрата на славната актерка е исто така позната личност, но во Австралија. Антонија, која е три години помлада, личи на Никол, а кариерата ја започна како истражувач за шоу програмата „Today“. Подоцна стана презентер и е многу успешна во својот бизнис.

Автор е на две книги и мајка на шест деца. Антонија неодамна дипломираше право, а Никол не ја пропушти можноста да се фали, па таа и посвети порака на Инстаграм на својата сестра и рече дека е горда на неа.

Ема и Алекс Вотсон

Ѕвездата на „Хари Потер“ има подеднакво убав брат, Алекс Вотсон, а тој важи за еден од најпосакуваните актери и модели меѓу тинејџерките. Од 2010 година, тој е заштитно лице на голем моден бренд, i имаше мала улога во еден дел од „Хари Потер”.Тој не сака да биде изложен во медиумите и тоа му го остава на Ејми.

Бренди и Мајли Сајрус

Бренди е постарата полусестра на контроверзната пејачка и e чиста спротивност на Мајли. По професија, таа е блогерка која е многу популарна меѓу љубителите на блогови и влогови, кои редовно ги снима на YouTube.

Покрај тоа, полусестрата на Мајли, Триш често се појавува на гала вечери, на церемонии на доделување награди, а многумина се согласуваат дека Бранди е елегантна и дамска верзија на Мајли и дека треба да се угледа на неа. Сепак, таа сè уште не успеа да ја достигне својата сестра по популарност.

Скарлет и Хантер Јохансон

Малкумина знаат дека оваа популарна ктерка има брат близнак – Хантер. Она што е интересно е дека и тој некогаш глуми, тој играше во неколку филмови заедно со својата сестра, но реши да се пресели во доменот на политиката. Тој беше многу ангажиран во претседателската кампања во 2008 година, кога беше во победничкиот камп на Барак Обама, а исто така е редовен на протестите против Доналд Трамп.

Анџелина Џоли и Џејмс Хејвен

Џејмс е две години постар од Анџелина, тој е исто така актер и продуцент и има најголема поддршка од неговата сестра.

Сепак, никој не може да ја засени актерката, дури ни нејзиниот брат. Анџелина и Џејмс отсекогаш биле блиски, а во 2000 година избувна скандал кога се бакнаа во уста на Оскарите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *