Холивудските ѕвезди и нивните неверојатни трансформации!

23 април, 20200
Алек Болдвин

Сите знаеме колку е тешко да се стопат килограмите. Тоа е макотрпна борба која бара голема посветеност, фокусираност, желба и сила. Ова се некои од Холивудските ѕвезди кои успеаја да ги отстранат килограмите на неверојатен начин

Кристина Агилера

На само 35 години, поп дивата ослабна 23 килограми. Некаде во 2012 година таа беше остро критикувана заради нејзините облини. Само една година подоцна, го привлече повторно вниманието со нејзината ослабена фигура.

Мелиса МекКарти

Таа е повторно во центарот на вниманието бидејќи успеа да ослабе преку 20 килограми.

Џенет Џексон

Таа успеа да ослабе неверојатни 27 килограми

50 Сент

За да ја долови подобро улогата на пациент болен од канцер, раперот ослабел 27 килограми и ги изненадил фановите ширум светот.

Џон Гудман

Откако тежината му достигнала до 180 килограми, познатиот актер ослабел 45 килограми.

Адел

Повеќекратната добитничка на Греми успеа да ослабне многу килограми, а тајната е во тоа што комплетно го исфрлила шеќерот од исхраната.

Ребел Вилсон

До сега успеала да симне 15 килограми благодарение на вежбањето. Таа сè уште ги поддржува жените со облини и е среќна во сопствената кожа.

Кристијан Бејл

Неговите легендарни трансформации не оставаат никого рамнодушен. Од The Machinist , до темниот витез во Batman Begins бележи врвни трансформации, како и во најновото филмско остварување Ford VS. Ferrari

Алек Болдвин

Алек Болдвин веднаш започнал програма за слабеење и успеал да ослабне 13 килограми, бидејќи му била дијагностицирана преддијабетна фаза.

Мама Џун

Патешествието на Мама Џун во борбата со вишокот килограми е инспирација за сите. Таа успеала да изгуби неверојатни 135 килограми и изјавила дека ќе продолжи да ја одржува килажата со поздрава храна, вежби и контрола на оброците.

Во продолжение погледнете и други ѕвезди кои победија во борбата со килограмите

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *