Илон Маск секоја ноќ тајно ја посетувал сопругата на Џони Деп. Откриена порака која менува сѐ

23 јули, 2020
вв

Американската актерка Амбер Херд (34) откри денес во Високиот суд во Лондон дека сопственикот на „SpaceX“, Илон Маск (49), и понудил лична сигурност, откако таа му кажала дека сака да побара забрана за приближување од нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп, а потоа се појавија дури и пострашни информации, што ги згрози сите во судницата. Амбер негираше дека Илон Маск ја посетувал додека нејзиниот сопруг бил надвор од куќата и тврди дека таа го запознала дури подоцна. Имено, се појавија пораки помеѓу Амбер и Илон Маск, кои тие ги разменија еден ден откако Џони, наводно, ја удрил со телефон во лице, што Деп негира дека се случило. – Понудата сè уште стои, дури и ако не сакаш повторно да ме видиш. Извини што бев идиот. Твоето игнорирање боли. Сето ова е важно за мене, затоа што навистина те сакам – беше пораката на Илон што и ја испрати на тогашната сопруга на Деп.

Џони Деп сакал да ја удави и да ја запали својата поранешна ...


Алехандо Ромеро, чувар на вратата, кој работел во зградата на Деп, вели дека Илон Маск дошол во нивниот стан кога Деп бил во Австралија во 2015 година. Амбер вели дека Ромеро греши и дека тоа не се случило во 2015 година, но во 2016 година, кога започна да комуницира со основачот на компанијата „Тесла“. – Од март 2015 година наваму, г-ѓа Херд беше посетена доцна во ноќта, претежно околу полноќ од г-дин Илон Маск. Тој додаде дека Амбер му ги дала на Маск клучевите во зградата, за да може сам да влезе. Адвокатот на Деп ја праша Амбер дали се дружела или се гледала со Маск од март 2015 година, на што актерката одговорила негативно. Деп ја обвини Амбер дека го изневерува со многу други колеги, дури и актерот Џејмс Франко, со кого глуми во филмот „Дневниците на Адералд“. Адвокатот потоа покажа видео во кое Амбер беше снимена со Џејмс Франко во зградата на лифтот на 22.05.2016 година, додека одеше кон станот околу 11 часот. Таа рече дека тие разговарале само таа вечер затоа што Франко бил загрижен за неа. Потоа додаде дека не спиела многу во тие денови, па актерот и правел друштво.

Джони Деп отрича да е малтрерирал бившата си жена - NOVA

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi