Имаа само 200 долари на сметката и еден куп деца за хранење: Вака ги направи Крис Џенер своите милиони! (ФОТО)

1 јули, 20200
kris

Во Америка, но и во голем дел од светот, нејзиното име е многу добро познато затоа што е шеф на кланот Кардашијан-Џенер. Едно од најпопуларните реални шоуа на денешницата роди нови sвезди, а токму таа одлучува за нивниот успех и деловните вложувања – Крис Џенер. Таа зад себе има два брака, со починатиот адвокат Роберт Кардашијан и со поранешниот златен олимпиец Брус Џенер, попознат денес како Кејтлин Џенер. Покрај тоа што е мајка на пет ќерки и еден син, Крис Џенер ја има и функцијата нивен менаџер.

На обичниот гледач на телевизија, веројатно му се чини дека едно од најпознатите семејства во светот, кланот Кардашијан-nЏенер, целиот свој живот го поминале на интернет и телевизија, но тоа не е така. Пред 2007 година, тие беа доста непознати за јавноста, иако некои можеби се сеќаваат на презимето Кардашијан од 90-тите години, кога му беше судено на О Џеј Симпсон. Имено, член на неговиот правен тим беше Роберт Кардашијан, татко на Кортни, Ким, Клои и Роберт Кардашијан, и првиот сопруг Крис Џенер, која во тоа време веќе поднела барање за развод.

Крис Џенер многумина ја сметаат за „глава на октоподот“ која управува со сè и носи големи одлуки кога станува збор за финансиите на нејзиното семејство, а токму таа го направи најдобриот потег со потпишување договор со кабловска телевизија Е!, што ја емитуваше првата епизода на реалното шоу на 14 октомври 2007 година „Keeping Up with the Kardashians“.

Критичарите не беа сочувствителни, сметајќи дека целата приказна е фабрикувана, како и дека актерите шоуто изговорале претходно договорени реченици. Но, мислењето на критичарите беше помалку важно затоа што за краток временски период реалното шоу стана светски хит, со милиони обожаватели ширум светот, а Крис Џенер ја презеде улогата на менаџер за нејзините шест деца. Ова е приказната за неа.

Крис Џенер е родена на 5 ноември 1955 година во Сан Диего, Калифорнија, како Кристен Мери Хагтон. Нејзиниот татко Роберт Хагтон бил инженер во авијацијата, а откако нејзините родители се развеле кога таа имала седум години, таа заедно со нејзината помлада сестра Карен продолжиле да живеат со нивната мајка Мери Џо Шенон. Нејзината мајка го продала семејниот дом во Сан Диего и се преселила со девојчињата во Клермонт, каде Крис одела на училиште.

Само една година откако нејзините родители се развеле, на Крис и бил дијагностициран карцинозен тумор на коските, но, за среќа, тој не метастазирашл па така бил отстранет со операција. Нејзината мајка, во меѓувреме, се омажила за бизнисменот Хари Шенон , а три месеци откако семејството се преселило во Окснард, неговиот деловен партнер избегал со заедничките пари, што ги принудило да се вратат во Сан Диего.

Крис Џенер завршила средно училиште во гимназијата Клермон и немала желба за колеџ. За разлика од нејзините врсници, таа сакала да стане сопруга и мајка, што наскоро и се остварило – на 8 јули 1978 година, на 22-годишна возраст, се омажила за успешен адвокат, Роберт Кардашијан.
За време на бракот, двојката добила четири деца, ќерките Кортни, Ким и Клои и синот Роберт, а во 1991 година поднеле барање за развод.

Во тоа време, О Џеј Симпсон ја убил својата сопруга и беил обвинет за убиство, а неговиот најдобар пријател Роберт Кардашијан бил во неговиот правен тим, па со тој судски процес се здоби со неверојатна популарност. Роберт Кардашијан починал во 2003 година од рак на хранопроводот.

За време на нивниот заеднички живот, Крис научила многу од првиот сопруг и го пренела тоа искуство во нејзиниот втор брак. Сред судската постапка за развод во 1990 година, таа се сретнала со златниот медалист Брус Џенер, двапати разведен татко на четири деца. Тие во брак добија две ќерки, Кендал и Кајли, а Крис реши уште од самиот почеток да му помогне на својот сопруг повторно да зајакне финансиски, со цел да го финансира големото семејство.

  • Гледав и учев од мојот сопруг, најдобриот адвокат што сум го видела досега. Бев многу горда на него и научив многу од него. Кога го запознав Брус, веднаш станав негов менаџер, бидејќи тој не знаеше ништо за тоа. Видов потенцијал во него, но тој не знаеше како да го уновчи тоа. Никој не го ангажираше за ништо и тогаш сфатив како да му помогнам, рекла Крис.

Крис го превзела негониот животот во свои раце и започна да преговара за неверојатни понуди.

  • И реков на мојата асистентка Лиза: Имаме неверојатен човек овде, кој е одличен во она што го прави, но нема кој да го води. Тој има 200 долари на својата банкарска сметка, што ќе правиме? Бев свесна дека моравме да се снајдеме затоа што децата мораа да јадат.

Како што рекла, по разводот од Роберт Кардашијан, ги загубила сите приходи, а од голема љубов се омажила за Брус.

  • Тој немаше визит-картичка, биографија, менаџер … ништо … И, тогаш размислував да му направам фотографии, да му подготвам говор и тој да почне. Таа ги потрошила последните пари на печатените материјали, точно седум илјади, што таа потоа им ги испратила на сите важни адреси во Америка. Тие морале да чекаат, но не премногу долго. Речиси преку ноќ започнале да пристигнуваат понуди, а Крис сè уште е многу свесна дека сето тоа било благодарение на неа и нејзината сила.
  • Жената не се буди еден ден за да сфати дека е силна, мора да го постигнете тоа и да го заслужи. Мора да поминете многу во животот што ќе ве направи посилни. Секој пат кога ќе станете после падот и ќе ја итресете правта од себе, тоа е чекор напред. Бев среќна што конечно успеав да бидам смирена затоа што знаев дека децата се хранат, дека одат во училиштата што ги сакаат, дека добиваат сè што сакаат. Сè беше во согласност со нивните соништа, но и со плаќањето на хипотеката и заемите. Но, јас никогаш не се откажав.

Таа навистина имала нос за бизнис, што уште еднаш било потврдено во 2007 година, кога се запозна со продуцентот Рајан Сикрест, а резултатот од нивната соработка било ‘Keeping Up with the Kardashians’, реалното шоу што ги следи животите на целиот клан Кардашијан-Џенер последните 13 години. Со текот на годините, таа исто така доби бројни „продолженија“, како „Kourtney and Khloe Take Miami“, „Kourtney and Kim Take New York“, „Khloe i Lamar“…

Поради неверојатната популарност – за која сонувале, но никогаш не сонувале дека ќе се оствари – понудите почнале да пристигнуваат од сите страни, а Крис Џенер стана глава на целото семејство и започна да носи одлуки во нивно име. Благодарение на неа, нејзините деца заработија милиони, а таа, горда на себе, се нарече себеси мамаџер, која всушност е комбинација на зборовите мајка и менаџерка. Денес, нема поле во кое семејството Кардашијан-Џенер не се обидло – реални шоуа, дизајн на облека, козметика, пишување автобиографии…

  • Моето мото во животот отсекогаш било – ако некој ви каже дека нешто не е можно, вие разговарате со погрешна личност. Со Ким научив многу за тоа каде е границата и кога мајката треба да се пензионира за да настапи менаџерот. Но, јас исто така им дозволувам на моите ќерки, или клиенти, во некои случаи да изберат сами “.

Како и да е, животот постојано пред камерата носи одредена негативности, и беше во центарот на вниманието кога нејзиниот втор брак не успеа. Во јуни 2013 година, Брус и Крис Џенер решија да направат кратка пауза од сè, така што во декември следната година нивниот развод бил биде финализиран.

Јавноста беше шокирана кога Брус Џенер во април 2015 година одлучи јавно да признае за она за што се зборуваше долго време – дека е трансродова личност. Тој наскоро беше подложен на хормонска терапија, но и хирургија за промена на полот. Таа есен, тој официјално го смени своето име, стана Кејтлин Џенер и почна да се претставува како жена.

По разводот, Крис Џенер е во врска со 25-годишниот бизнисмен Кори Гембл, но нејзиното семејство сè уште е најважно за неа.

  • Уживам во секоја секунда од мојот живот како мајка, а гледањето на моите бебиња како ги добијат своите бебиња е најубавата работа на целиот свет. Најголемото задоволство во животот е да можеш да гледаш како вашите деца успеваат во она што го сонувале. Не секогаш станува збор направи среќни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi