Исчезна актерката од хит-серијата, се претпоставува дека е мртва: Нејзиниот син беше пронајден сам, додека ја чекал на бродот

9 јули, 20200
Annotation 2020-07-09 150030

Наја Ривера, најпозната е по улогата во серијалот „Glee“, пристигнала на езерото наутро, а околу 13 часот се изгубила целата трага од неа.

Актерката Наја Ривера (33) исчезна на езерото Пира, во Калифорнија, а полицијата го пронајде нејзиниот четиригодишен син на бродот што претходно го изнајмила. Локалните власти претпоставуваат дека актерката се удавила, а синот бил сам кога пристигнале на местото на несреќата.

Ривера, која е најпозната по улогата во серијалот „Glee“, пристигнала на езерото наутро , а во 13 часот се изгубила целата трага од неа, пишува Daily Mail. Веднаш била извршена потрага по неа, а полицијата неколку часа подоцна изјавила дека се обидуваат да го пронајдат нејзиното тело.

синот, Холис Неј, го добила со својот поранешен сопруг Рајан Дорси во 2015 година, а само еден ден пред нејзиното исчезнување, таа објавила трогателна порака на социјалните мрежи со фотографија во која позирала заедно со синот.

Наја својата кариера ја започнала кога имала само 4 години кога се појавила во серијалот „The Royal Family“, а за тоа добила номинација за најдобра млада актерка. После неколку улоги во американски серии, таа имала најголем успех како Сантана Лопез во серијалот “Glee“. Првата улога во филмот ја имаше во 2014 година, кога ја играше Вера во хорор филмот „At the Devil’s Door“. Покрај актерството, Наја е вклучена и во музика, а во 2011 година потпиша за Колумбија Рекордс и две години подоцна го издаде синглот „Sorry“ во соработка со раперот Биг Шон.

Таа исто така беше во врска со Биг Шон, а во 2013 година парот ја објави својата веридба. А само една година подоцна тие се разделија. Набргу потоа, таа започна врска со Рајан Дорси, кои и во минатото ги поврзуваа. Тие се венчаа во јули 2014 година, а една година подоцна актерката објави дека е бремена. Таа роди син во септември 2015 година, а следната година објави дека се разведува од неговиот татко.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi