Исцрпената Ким се врати сама дома после жестоката расправија со Канје Вест!

29 јули, 20200
kim i kanje 2

Ријалити ѕвездата, Ким Кардашијан се врати сама дома во Лос Анџелес по посетата во Вајоминг, кадешто беше на ранчот на нејзиниот сопруг Канје Вест за да разговара за состојбата во која се најдоа во текот на изминатите неколку дена поради неговите бизарни испади. Daily Mail пишува дека Ким се вратила дома за да биде со децата, додека Канје го привршува својот нов албум на ранчот.

Ким и Канје се сретнаа по неговите бизарни изјави и однесувања во последните денови, кои, наводно, се резултат на биполарното нарушување на познатиот рапер. 39-годишната реалити ѕвезда плачеше во автомобилот за време на жестоката расправија со сопругот и судејќи според тврдењата на луѓето блиски до парот, Ким му рекла на Вест да не се враќа дома се додека не му се подобри здравствената состојба.

“Целото семејство Кардашијан се обидува да ги заштити децата од гласините што кружат последниве денови. Тие решија да се преправаат дека сè е во ред, и нема потреба децата да знаат што се случува во јавноста со нивните родители”, рече извор близок на парот, и дека Ким е истрајна во тоа да ги заштити своите деца колку што може.

Додаваат дека Ким е многу емотивна, но и истоштена. “Канје ја повреди. Таа се обиде да стигне до него, но тој упорно ја игнорираше. Сето тоа е многу лоша ситуација”, заклучува изворот и додава дека нивниот брак е на стаклени нозе.

За потсетување, Канје ја шокираше Ким и целата јавност со изјавите дека размислувале за опцијата за абортус во бременоста со првото дете и ја обвини за афера со раперот Мек Мил. Ким потоа објави на социјалните мрежи дека нејзиниот сопруг се бори со биполарно растројство, признала дека не им е лесно и побарала разбирање и сочувство.

По говорот што го шокираше целиот клан на Кардашијан, Канје со денови имаше бизарни испади на Твитер. Тој напиша дека се обидел да се разведе од сопругата затоа што бил убеден дека ја изневерувал. Покрај тоа, тој ги обвини Ким и нејзината мајка Крис Џенер дека се обидувале да го одведат на лекар и да го хоспитализираат.

Ким и Канје се во брак од 2014 година, а заедно имаат ќерки Норт (7) и Чикаго (2) и синови Сеинт(4) и Псалм (1).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi