„Избриши го тоа ВЕДНАШ!“ : Ким Кардашијан ја разлути Кајли Џенер со стара фотографија
Ким Кардашијан неодамна објави стара фотографија на Инстаграм на која некои од сестрите се практично непрепознатливи во споредба со денешните. Кој беше најмногу лут поради тоа? Кајли Џенер веднаш реагираше.
Можеби вредат вртоглава сума од милиони долари денес, но секоја приказна има свои почетоци кои не се воопшто гламурозни. Без оглед што размислувале за тоа како изгледале тогаш, барем еден член на кланот Кардашијан не сака потсетник за старите времиња.
‘Избриши го веднаш’, напиша Кајли Џенер кога ја виде оваа фотографија. Причината е веројатно тоа што Кајли Џенер најмногу се сменила од нејзините млади денови.
Без оглед на ненадејната реакција, можеби најсмешната работа е што Ким Кардашијан во Фотошоп малку ја преуреди дури и таа стара фотографија, па сè е малку посветло отколку во оригиналот, а Кендал и Клои имаат дури и мали корекции на носот.