Изолацијата ги натера познатите мажи на драстична промена: Некои од нив едвај ги препознаваме!
29 април, 20200
Роналдо, Фацата од „Сексот и градот“ и други sвезди ги почестија своите обожаватели со фотографии од новата фризура која е идеална за новата ситуација кога сите треба да се потпреме на сопствените вештини за справување со ножици или машинка за шишање.
Изолацијата сите нè натера да откриеме нови вештини и активности што инаку не би ги научиле, како на пример шишање самите себе или на другите. Дури и познатите во нивните четири sида се шишаат едни со други и се фалат со своите дела на социјалните мрежи.
Додека елегантните женски фризури се многу потешки за одржување ако немате барем малку фризерко знаење, за мажите само треба машинка и едно слободно попладне. Во продолжение погледнете ги нивните нови „фризури“ .