4 август, 2020

За оваа нијанса, неопходно е да имате одредена боја на коса, одреден тен, а Јелена, како и сè друго, ја носи со неверојатна леснотија.

Популарната пејачка е позната по тоа што успеа да изнесе дури и најризични варијанти на облека, а оваа дефинитивно е една од нив!

Имено, таа позираше во интересен светло син мини фустан украсен со карнери, плетени ракави во пределот на рамото, појас што ја нагласува половината и многу смело деколте.

Пејачката успеа да најде очила за сонце и летна торба со речиси идентични нијанси, а на нејзините обожаватели им се допадна овој изглед.

„Еден збор – дива“ – рече еден од нејзините обожаватели од Турција.

Остави коментар

Почетна // Sun Story // Јелена Карлеуша во „нежно“ и провокативно издание!
Горе