Кајли Џенер купи луксузен автомобил од 3 милиони долари
20 август, 20200
Кога сте милијардер како Кајли Џенер, ништо не е скапо, особено автомобилите.
И покрај тоа што има само 23 години, луксузот во кој живеат реалити sвездите и сопственици на империјата за убавина е незамислив за повеќето луѓе. Покрај тоа што поседува луксузна нова вила во која се пресели заедно со нејзината ќерка Сторми, Кајли поседува и неколку скапи автомобили, а сега додаде и нов во својата флота.
Станува збор за Bugatti Chiron во црно-бело боја, кој чини 3 милиони долари, а таа се пофали на Инстаграм, каде заработува неверојатни 986.000 долари по објава.