Кајли Џенер објави видео во бикини: „Жешко е“!

30 април, 2020
kajli

Кајли Џенер објави видео на кое се сончаше во бикини покрај базенот на нејзиниот нов имот од 36,5 милиони долари.

View this post on Instagram

it’s getting hot out here @kylieskin

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner) on

Сето тоа изгледаше како реклама за производи од сопствена линија за нега на кожа „Kylie Skin“, поточно за масло за сончање, со кое се испрска во видеото, а во описот под видеото напиша: „Топло е“.

Реалити ѕвездата очигледно се чувствува како моментално да е на годишен одмор, бидејќи се навикнува на своето ново опкружување на повеќе од 1.700 квадратни метри простор.

Кајли, која во последните две години беше на врвот на списокот на „Форбс“ на најмладите милијардери, го избра овој имот затоа што е далеку од другите домови и за да има целосна приватност.