Како да се ослободите од мажите? Потегот поради кој Џенифер е секогаш сама!

1 декември, 2020
profimedia-0215419826


Позната е вистинската причина за сите нејзини љубовни проблеми


Запознавањето нови партнери и одењето на состаноци е проблем за повеќето луѓе во денешно време, и ако сте личност чиј живот е постојано под око на медиумите и јавноста – истото може да се претвори во вистински кошмар. Една од најпознатите е ѕвездата од серијата „Friends“, 51-годишната Џенифер Анистон, чиј љубовен живот со години е една од главните теми на многу таблоиди. Сепак, за да го намали притисокот врз себе и да го олесни одењето на состаноци, актерката излезе со идеално решение.


Џенифер, наводно, го користи „Google“ за да најде информации за човекот со кој се забавува, што вклучува негови записи за недвижнини, профили на социјалните мрежи, фотографии на Getty Images и многу повеќе. На овој начин 51-годишната актерка се поштедува и од неуспешни и лоши врски што потенцијално може да се случат доколку излезе со некој од кандидатите, кого претходно не го проверила.

Исто така, медиумите наведуваат дека ова е една од главните причини зошто Џенифер моментално е сингл и зошто не успеала ниту во последниот брак со Џастин Теру, кој го завршила по само две години. Според изворот, актерката е премногу преокупирана со истражување на мажите што ги среќава и таа кај секого наоѓа нешто што не и се допаѓа и зошто не влегува во понатамошна врска.

escort - Korsan taksi