Каков е сега животот на славните „Очајни домаќинки“

30 октомври, 2020
ocajne_domacice

Култната американска серија „Очајни домаќинки“, чиј автор е Марк Чери, која започна да се емитува на американската телевизија АБЦ во октомври 2004 година, собра одлична екипа која брзо се покажа како комбинација за успех. Петте згодни актерки во изминатите 16 години, кои поминаа од првата епизода, значително се променија, но доживеаја и многу успеси и неуспеси и во кариерата и приватно.

Повеќето сè уште се сеќаваат на познатата петорка од измисленото американско предградие на малото гратче Фервју. Во Вистерија Лејн ги следевме животите на домаќинки и мистериите што се развиваат околу нив цели шест сезони. Главните улоги ги добија Тери Хачер, Фелисити Хафман, Марши Крос, Ева Лонгорија и Николет Шеридан.

Očajne domaćice


Ева Лонгорија

Можеби најзвучното име на оваа популарна серија по прикажувањето, стана името на малата заводничка Ева Лонгорија. Оваа привлечна американска актерка се најде и на низа други работни места. Денес, покрај актерството, со задоволство ја прифаќа и палката на продуцент. Таа, исто така, се обиде како декоратор, дизајнер и, доколку е потребно, активист.

Очајната домаќинка“ Ева Лонгорија роди син - Емагазин

Тери Хачер

За разлика од нејзината колешка Лонгорија, Тери Хачер не остана толку активна во актерската дејност по главната улога во серијата „Очајни домаќинки“. Од позначајните работни места во Холивуд, се издвојува само позајмувањето глас за анимираниот филм на Дизни „Авиони“.

Teri Hatcher isn't homeless. Here's where she's been.


Фелисити Хафман

Откако ја играше улогата на популарната Линет во серијата „Очајни домаќинки“, доби уште неколку актерски понуди. Нејзиниот позначаен проект беше во серијата „Американски криминал“, како и успешната серија на Нетфликс „Кога ќе не видат“.

Felicity Huffman Completes Full Sentence for Role in College Admissions  Scam | Entertainment Tonight

Марша Крос

Скоро никаква промена во изгледот не може да се забележи кај актерката Марша Крос, која ја играше легендарната Бри во хит серијата. Марша во изминатите 16 години се чини дека не остарела ниту еден ден и дека, според странските медиуми, најмногу може да се припише на разни естетски процедури, козметика и ботокс. По кратка пауза во нејзината кариера, Крос глумеше во серијата „Закон и ред“ во 2015 година, а подоцна се приклучи на екипата на драмата „Квантико“.

Marcia Cross - Wikipedia

Николет Шеридан

Актерката ја напушти серијата во 2009 година и веднаш покрена тужба против продуцентот кога тврди дека тој ја нападнал и првично барал обештетување од 20 милиони долари, но таа не го добила спорот, а нејзините колеги застанале на нејзина страна.

Eddie Britt, Desperate Housewives | Desperate housewives, Nicollette  sheridan, Actresses