Карциномот се проширил: Тешки денови за познатата пејачка!

28 август, 2020
1151


Пред пејачката Сара Хардинг е најнеизвесната борба во нејзиниот живот. Имено, на поранешниот член на британскиот поп бенд „Girls Aloud“ оваа година и беше дијагностициран карцином на дојка, а сега пристигнаа уште полоши вести, ракот се шири. Сара ги информираше фановите за нејзината здравствена состојба преку социјалните медиуми.


Пејачката реши да излезе во јавноста со оваа вест откако шпекулациите за нејзината состојба станаа погласни и погласни бидејќи луѓето сè почесто ја среќаваа по болничките ходници. Патем, Сара стана позната во 2002 година за време на талент шоуто „Попстарс“ кога стана дел од групата „Girls Aloud“. Бендот се распадна, а таа сè уште е во добри односи со поранешните членови, па нејзините поранешни колеги и посакаа брзо закрепнување.

escort - Korsan taksi