Кардашиан шири теории на заговор и ги убедува луѓето да не носат маски: „Ќе добиете рак“ (ФОТО)

4 ноември, 2020
кортни

Познатата старлета Кортни Кардашиан започна да шири теории на заговор во врска со пандемијата

Таа преку социјалните мрежи ја сподели теоријата на заговор, предупредувајќи ги луѓето да не ги покриваат лицата со заштитни маски затоа што ќе заболат од рак.

“Оние сини медицински маски што мора да се носат во продавниците и на аеродромите се изработени од PFTE канцероген, изработен од синтетички флуорид. Тие го зголемуваат ризикот од рак на црниот дроб, тестисите, панкреасот, туморите на бубрезите и градите + улцеративен колитис, болест на тироидната жлезда, прееклампсија и висок холестерол. Прекумерното користење на маска може да предизвика симптоми слични на грип и крварење во белите дробови, што доведува до задушување “, напиша Кортни на Инстаграм.


Кардашиан беше нападната од обожавателите поради овие тврдења.

Нема докази, имено, кои ги поддржуваат тврдењата на ѕвездата на реалното шоу „Keeping Up With The Kardashians“, што таа ја сподели со своите следбеници на Инстаграм, над 100 милиони.

Со своето предупредување, таа дури објави и слика на стандардна сина медицинска маска за еднократна употреба.

Американските лекари понатаму предупредија дека нејзините тврдења се апсолутно неточни.

escort - Korsan taksi