КАРДАШИЈАН ПОДГОТВУВА ДОГОВОР СО „APPLE“ ВРЕДЕН СТОТИЦИ МИЛИОНИ ДОЛАРИ!

15 октомври, 2020
rs_634x1024-200114122155-634-kim-kardashian.cm.11420

Најпознатата старлета на светот Ким Кардашијан (39) веќе има „грабнато“ стотици милиони долари, но се чини дека нема намера да застане тука. Имено, странските медиуми јавуваат дека наскоро ќе потпише договор со стриминг услуга – Apple TV Plus. 

Кардашијан пред еден месец ги изненади обожавателите со својот последен пост на социјалните мрежи. Таа најави дека реалното шоу „Во тек со Кардашијанс“ завршило по 14 години снимање. Но, сега извори тврдат дека Епл ја следи нејзината работа со години, а тие неодамна и понудиле договор што не смее да се пропушти. 

Apple сака да потпише договор со Ким пред тоа да го стори кој било друг конкурент за стриминг. Тие знаат дека имаат огромна база на обожаватели во САД и Велика Британија и може да ја револуционизира позицијата на Apple TV меѓу Нетфликс и Дизни Плус, кажа изворот. Исто така Кардашијан сака да создаде светско стриминг шоу со Apple или Netflix по завршувањето на KUWTK. Нетфликс исто така е заинтересиран да разговара со неа, па Ким има низа избори во моментов. Бројни обожаватели се воодушевени од оваа вест со оглед на тоа што постои можност секој чекор на омилената ријалити ѕвезда повторно да се најде на малите екрани. 

escort - Korsan taksi