Карлеуша е опседната со брендови и секогаш ги носи на себе, а експертите велат дека се е ФЕЈК! Таа ги нарачува преку овој сајт…

16 мај, 20200
karleusa

Сепак, овој пат, се појавија шокантни фотографии од нејзина стилска комбинација на шопинг-страница за носена “second hand” гардероба.

Модните изданија на Јелена Карлеуша многумина ги опишуваат како смели и различни, а таа е горда што е еден чекор понапред од другите во однос на буџетот што го издвојува за набавка на најлуксузните брендови од самиот почеток на нејзината кариера.

Сепак, овој пат, се појавија шокантни фотографии од нејзина стилска комбинација на шопинг-страница за носена “second hand” гардероба, што по којзнае кој пат демантира дека таа поседува исклучиво скапи работи кои се оригинал.

Фотографиите на контроверзната пејачка завршија на веб-страницата на мултимилионерската компанија за онлајн продажба на копии на познати брендови, а станува збор за нејзиниот Versace комплет, хеланки со луксузни барокни мотиви, кои се во комбинација со горниот дел и совршено ги потенцираат облините.

Цената на моделот „wild barocco“ за есен / зима е 3,8 американски долари, а цената на оригиналот е 775 долари!

Модните експерти и луѓето кои ја следат нејзината работа расправаат на Твитер за тоа дали Јелена навистина купува оригинали или ги мами луѓето.

View this post on Instagram

Quarantine, day 18277171

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

„Фолирантката купува ѓубре, и го претставува како квалитетна роба“, „Таа е на друга страница, но сега не можам да најдам слика, ја користеа и нејзината слика со очила“, „Повторно не измами“… се само некои од коментарите на збунетите корисници на оваа социјална мрежа, а имаше и такви кои застанаа во нејзина одбрана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi