Кевин Харт стана татко по 4-ти пат: Среќниот пар доби девојче, а името што и го дадоа е прекрасно!

3 октомври, 2020
profimedia-0481925253-830x0


Имено, сопругата на актерот објави фотографија на Инстаграм на која пишува „9 месеци подготовка за да се заљубам во животот“ со зборовите: – Благодарна Благословена. Мало парче рај испратено на земјата … Добредојде во светот девојче. Не можеме повеќе да те сакаме – напиша таа под објавата на Инстаграм. Открила дека девојчето се вика Каори Мај Харт и дека веќе им го украла срцето. Брачниот пар е пресреќен што новороденчето пристигнало во нивното семејство.


Патем, низ светот кружат приказни со години дека Кевин не е баш тој прекрасен сопруг за кој се претставува себеси. Пред три години излезе веста дека тој ја изневерил својата бремена сопруга со Монтија Сабаг (30).

Монтија рече дека нејзината средба со актерот се случила во хотелска соба во Лас Вегас во 2017 година, што ја планирале тој и неговиот пријател T.Т. Jексон. Тие ставија камера во собата и ги снимија интимните моменти на Харт и Сабаг, кои признаа дека имале односи трипати таа вечер. Видеото трае три минути, а во јавноста беше објавено во септември 2017 година. Неговата сопруга дознала за измамата преку порака, а по неколку недели расправија, парот се смирил.

escort - Korsan taksi