Ким Кардашијан ги покажа брадавиците во екстремно минијатурно топче!

8 октомври, 2020
ким насловна

Познатата старлета повторно ги откри брадавиците во краток топ кој е всушност провиден
Најпознатата ријалити sвезда на светот, Ким Кардашијан (39) ги покажа брадавиците во ултра краток топ и ги воодушеви сите присутни.

Имено, 39-годишната ријалити sвезда носеше секси топ над кој носеше удобна црна тренерка, а облече и шарени патики.

Ја врза косата во пунџа, а на лицето имаше заштитна маска и темни очила за сонце, под кои немаше шминка.

Цело време ја држеше раката над лицето, со цел да се скрие од папараците, а кога ја крена раката откри дека горниот дел и се гледа и сите имаат можност да ги фотографираат нејзините брадавици, па ја скокотка фантазијата на многу мажи.
Да потсетиме, таа неодамна откри дека нејзиниот сопруг Канје Вест (43) се разболел од корона вирус во март годинава и дека тоа било многу тежок период за неа.

Канје имаше корона на почетокот (кога вирусот корона се прошири низ целиот свет), кога никој не знаеше за што станува збор. Беше толку ужасно и непознато. Имав четири бебиња и никој до мене да ми помогне – изјави Ким.

Кардашијан откри дека кај Канје бил позитивен тест за вирусот корона кога и Том Хенкс и Рита Вилсон, што значи средина на март.

Морав да му ги сменам чаршафите и да му помогнам да стане од кревет кога не се чувствуваше добро. Тоа беше предизвик затоа што беше непознат. Менувањето на чаршафите со ракавици и штит за лице беше страшно време. Можеби на нашата планета и треба пауза – заклучи Ким.