Ким Кардашијан лансираше маски од 8 долари и ги продаде сите за еден ден

19 мај, 20200
ким

Американската реалити ѕвезда Ким Кардашијан се приклучи на борбата против пандемијата на коронавирус со лансирање на линија на немедицински маски за лице кои се распродадоа во рекордно време, пишува CNN.

Триесет и деветгодишната Кардашијан започна линија на немедицински маски за лице за целодневна и повеќекратна употреба како дел од нејзиниот бренд за долна облека Skims.

CNN известува дека маските се лесни и растегливи.

Маските излегоа во продажба во пет бои во саботата, а нивната почетна цена е 8 долари.

Само за неколку часа по објавувањето на нејзиниот нов производ, Кардашијан ги извести своите фанови на Твитер дека целата колекција на маски е распродадена.

„За жал, нашите маски за лице @skims се денес се распродадени, но работиме со локален партнер во ЛА за да произведеме повеќе од нив што е можно поскоро“, им рече таа на своите 64 милиони следбеници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *