Ким Кардашијан од секој скандал излегува како победничка!

27 јули, 2020
kim kardasian

Само два дена по скандалозните објави на Канје Вест во кои ги навредува сопругата Ким Кардашијан и нејзината мајка Крис Џенер, ѕвездата е видена во нејзиниот автомобил како безгрижно се вози низ улиците на Лос Анџелес.

Иако нејзиниот сопруг и се извини и рече дека е благодарен што секогаш била со него, Ким не коментираше понатаму – нејзиното соопштение за јавноста беше доволно за да каже сè што има и дека ужива во насловите на таблоидите кои неуморно се занимаваат со нејзиниот брак и односот што сега го има со Вест.

Како што изјавил извор близок на семејството за американските медиуми, таа била шокирана од начинот на кој Канје Вест зборувал за неа и „ги извадил валканите тајни“ од нивниот дом, но таа е сосема сигурна дека порано или подоцна тој ќе се врати кај неа бидејќи не може без неа.

Што се однесува до насловните страници, тоа не влијае многу врз неа. На крајот на денот, таа е главната ѕвезда на реалното шоу што ги искористи дури и најмалите детали од нејзиниот приватен живот низ годините.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris