Ким Кардашијан приреди спектакл за нејзиниот 40-ти роденден! Таа се бакнуваше со Канје како ништо да не се случило!

22 октомври, 2020
ким

Кога станува збор за најпознатата старлета на светот, сè мора да „пукне“, дури и јубилејната роденденска забава


Најпознатата старлета и инфлуенсерка во светот, Ким Кардашијан (40) на 21 октомври го прослави својот 40-ти јубилеен роденден, а нејзиното семејство и приреди фантастично изненадување по оваа убава пригода.

Имено, нејзините сестри Кортни, Клои, Кендал и Кајли изведоа вистинско шоу во секси костуми, во стилот на кабаре и го шокираа американскиот фаворит.

Славеничката се појави на сцената во еден момент, а бидејќи не очекуваше дека ќе мора да танцува, таа „замрзна“ од среќа и цело време се смееше и им се заблагодари на своите сестри кои со широките насмевки на лицата мавтаа со задниците во ритамот на музиката.

Целата соба беше украсена во „гроздобер“, но и на „Ноќ на вештерките“, се слушаше и музика од 1920-тите. Парадата ја водеше најстариот член на кланот Кардашијан – Џенер, Кортни Кардашијан, а сите дами беа во црно и беа облечени како „зајачиња“, освен Ким, која носеше златен фустан со светки, со што го привлече вниманието.
Фустанот беше толку тесен, што ги истакна сите нејзини облини и совршената фигура, а таа ја пушти косата надолу по рамената. Носеше златни потпетици и уживаше во нејзината вечера.

Додека влегуваше во собата, се виде дека околу неа има тикви, врежани за Ноќта на вештерките. Погледнете фотографии од забавата во галеријата.