Ким Кардашијан се расплака во емисија каде зборуваше за семејната драма со Канје Вест

8 октомври, 2020
kim-kardashian-kim-kardasijan-830x0


Најпознатата ријалити sвезда на светот, Ким Кардашијан (39), плачеше на сред интервју додека зборуваше за брачната криза и драмата со нејзиниот сопруг Канје Вест (43).


Имено, Ким се појави во емисијата на Дејвид Летерман наречена „На мојот следен гостин не му треба најава“. Трејлерот за шоуто покажува дека ријалити sвездата липа во моментот кога интервјуто доби емотивен пресврт. – Се прашувам зошто плачам? Јас веќе разговарав за тоа – рече Ким. – Не, не, не, не. Дали си добро? – рече Летерман, кој се обиде да ја утеши.

Темата на разговор во шоуто допрва треба да се открие, но импресивните снимки од реткото јавно емотивно распаѓање на Ким доаѓаат во време на гласини за брачна драма со Кание Вест.

– Ким е на чекор од поднесување барање за развод, но прво сака да седне со Канје и да разговара за важни прашања, како што се децата и финансиите – изјави извор близок до семејството.