Ким објави фотографија во градник, но фановите се фокусираа на нешто друго: „Едноставно престани…“
18 мај, 20200
Ким Кардашијан на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира во црн градник и хулахопки.
“Мојата руса коса беше само перика. Го чистам плакарот”, напиша Ким под фотографијата. Но, она што следбениците веднаш го забележаа е лошиот фотошоп што старлетата го користи сè почесто.
„До мене е или има нешто чудно со нејзините нозе“, „Како може некој воопшто да биде така граден“, „Ким, сестро, само застани. Твоите објавуви се толку здодевни“, „Овој фотошопиран колк изгледа толку асиметричен“, „Нереално и чудно “, се само некои од многуте коментари за нејзиниот изглед.
И неодамна Ким се најде на метата на критичарите поради лошиот фотошоп, а следбениците и напишаа дека изгледа како да има три раце.