Кино и кошаркарски терен: Познатиот рапер карантинот го поминува во вила вредна повеќе од 100 милиони долари

10 април, 20200
Дрејк

Дрејк вложи многу напор и пари во овој недвижен имот што тој го нарекува – амбасадата.

Познатиот канадски рапер Дрејк ја отвори вратата на својата луксузна вила вредна повеќе од 100 милиони долари во Торонто за странско списание.

Фотографиите се повеќе од импресивни, а со оглед на целиот луксуз што го има, многумина коментираа дека карантинот не претставува проблем за него.

Луксузната вила, дизајнирана од еден од најпознатите дизајнери на ентериер Ферис Рафаули, опфаќа 4.645 метри квадратни и располага со кошаркарско игралиште со големина како во НБА, затворен базен, студио за снимање, кино, па дури и плакар полн со чанти од марката Биркин, кои ги чува за својата идна сопруга.

– Сакав да создадам дом со монументални размери. Тоа е една од работите што ќе ги оставам зад себеси, затоа сакав сè да биде безвременско и моќно. Она што го гледате е чист луксуз, најдобриот од најдобрите – рече славниот рапер.

Дрејк вложи многу пари, но и многу труд во градењето на неговата луксузна вила, а она што е интересно е што само една просторија зафаќа дури 297 квадратни метри, а во неа има кревет што ви дозволува да лебдите додека одмарате.

„Креветот ви дозволува да лебдите, тушот ви дозволува да избегате од сè и да ги соберете мислите, а покрај плакарот ќе сакате да разговарате со себеси додека се облекувате“, рече Дрејк.

Бидејќи неговата вила има и студио за снимање, раперот ја сними последната песна во својот дом, каде во моментов постојано престојува заради пандемијата.

Повеќе детали од вилата на раперот во вредност од повеќе од 100 милиони долари можете да најдете во видеото подолу.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *