Кјара Ферагни го слика својот гардеробер: Изгледа како помал стан, а тешко е да се каже кој дел е подобар!

22 април, 20200
chiara-ferragni

Италијанската инфлуенсерка во нејзиниот дом во Милано има вистински моден рај, кој би сакале да го погледнеме.

Профилот на Кјара Ферагни е еден од омилени на сите. Сите треба да ја следите, особено за време на пандемијата на корона вирусот, кога покажа како на добар начин може да се користат социјалните мрежи. За потсетување таа започна со кампањата GoFundMe и собра неколку милиони евра за изградба на одделение за интензивна нега во болницата во Милано. Соработката со спортскиот бренд Champion, која беше пуштена во продажба пред некој ден и скоро распродадена во истиот ден, докажува дека таа добро напредува во бизнисот. Останаа само неколку парчиња облека, како што се капа или спортска маица.

Кјара е активна многу во карантин, особено на Инстаграм и така можеме да видиме детали од нејзината секојдневна рутина со Федез и синот Лео. Воедно таа секој ден покажува одлични комбинации на фустани. Погледнете каков рај е ова:

Инаку, изгледот на овoj гардеробер во нејзиниот дом во Милано Кјара го покажа уште во ноември 2018 година кога беше завршен. За него се заслужни Westwing.it, под капа на основачот и креативен директор Делија Фишер, која се погрижи нејзиниот гардеробер да изгледа како моден рај за кој многу жени сонуваат.

Ако не како рај, тогаш барем како помал стан, бидејќи се состои од неколку простории, со фотелја во средина. Претпоставуваме, за размислување на дилемата наречена „Јас немам што да носам“. Тешко е да се каже кој дел е подобар, оној со чанти, чевли, патики…

Таа е вистинска модна инспирација. Погледнете и уживајте!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *