Ќе има две свадби – само што се верија, а веќе ги покрија трошоците за церемонијата од кои ќе ви се сврти во глава!

13 јули, 20200
brooklyn

Бруклин Бекам и Никола Пелц ја изненадија јавноста со веста за нивната свршувачка по само девет месеци врска, а сега на сите им покажаа како изгледа прстенот кој вреди неверојатни 200 000 долари со кој Бруклин ја запроси девојката.

Имено, 25-годишната актерка на Instagram Story покажа блескав дијамантски прстен, кој е навистина тешко да не се забележи, кој е украсен со камен, веројатно, од 4.5 до 5 карати.

This image has an empty alt attribute; its file name is prsten.png

“Убавината и прецизноста се главните одлики на прстенот со смарагд. Долгите линии му даваат на каменот елегантен и рафиниран изглед. Би ја проценила вредноста на овој примерок да биде помеѓу 150.000 и 200.000 американски долари. Овој безвременски стил е омилен кај славните.  Џенифер Лопез, Амал Клуни и Џенифер Лоренс, мајката на Бруклин, Викторија, исто така, го обожаваат“, изјави експертот Шенон Делани-Рон за Daily Mail.

Деталите за претстојната свадба веќе излегоа во јавноста, поточно две свадби што треба да се одржат следната година, а кои треба да чинат дури 4 милиони британски фунти.

Таткото на Никол, 78-годишниот милијардер Нелсон Пелц, наводно веќе платил дел од трошоците, но и родителите на Бруклин, Викторија и Дејвид Бекам, исто така, сакаат да го дадат својот допринес. Церемониите е планирано да се одржат во Велика Британија и Флорида.

„Сите се воодушевени и пресреќни за нив. Бруклин секогаш бил близок со неговите баба и дедо, кои биле во брак 70 години и тоа е она што го посакува за себе“, изјави извор близок до него за магазинот The Sun.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi