„Ќе се омажев за фудбалер, ќе носев скапа облека и ќе патував!“ Дали знаете која е жената на која Викторија Бекам и го украде животот?

28 април, 20200
271757_profimedia0416938962_ff

Да беше поинаку, никој немаше да чуеше денес за Викторија Бекам!

Мелани Браун, Мелани Чизом, Ема Батон, Гери Халивел и Викторија Бекам го сочинуваа најпопуларниот женски бенд на сите времиња. Ретко кој знае дека местото на Викторија за малку ќе го земеше уште една Мелани.
Станува збор за Мел Колома, која беше избрана за член на групата од стотиците кандидати за аудиција.
Сепак, неколку седмици подоцна, раководството се јавило и ја известило дека се случила промена на планот и дека младата пејачка Викторија Адамс, таа што денес ја знаеме како Викторија Бекам, сопственик на успешна модна империја ќе ја замени. Причината е бизарна. Кажано и е дека пее премногу добро и дека може да ги засени сите во групата. Мел излјавила дека не била свесна каква прилика пропуштила.
„Мислев дека нема да биде ништо од нив, бидејќи поминаа две години и немав слушнато ништо за нив“, кажала Мелани. И, тогаш ги видов на ТВ. Тоа беше група на која за малку ќе станав член.
Колома денес има 45 години и работи во Националната здравствена служба на Велика Британија. Таа сè уште е пее и настапува со групата The Decanters на свадби и крштевки.

„Се разбира, жалам за пропуштената можност
Во друг живот, јас би била Викторија Бекам, омажена за фудбалер, облечена во скапа облека и би патувала низ светот со авион. Немав поим колку малку ми недостасуваше да бидам во најголемиот женски бенд на сите времиња. Наместо тоа, работам во јавната здравствена установа. Со текот на времето, сфатив дека морам да прифатам дека тие се избрани заради нивниот изглед, а не нивниот глас – вели Мелани. – Затоа не и замерувам на Викторија, таа стана една од најуспешните жени во светот. Се восхитувам на неа. Но, би лажела ако кажам дека немало моменти кога сакав да си ги замениме местата. Ми беше смешно кога рече дека понекогаш пее со исклучен микрофон“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *