Клои Кардашијан ги шокираше фановите со новото лице
25 јуни, 20200
Клои Кардашијан сподели фотографија со двегодишната ќерка Тру Томпсон, а вниманието на фановите го украде нејзиното лице, кое уште еднаш се промени.
Со фотографијата, членката на едно од најпопуларните реалити семејства на светот, промовираше произведувач на пелени.
Косата ја подигна во високо репче, а нејзиното лице изгледаше непрепознатливо. Ова е втор пат по ред фановите да ја напаѓаат дека премногу се фотошопирала или изоперирала.
Нејзините пријатели тврдат дека тоа баш и не ја загрижува.
“На Клои не и е грижа за коментарите кои ги добива од луѓето, кои велат дека не личи на себе. Таа мисли дека изгледа сјајно и баш и е гајле што мислат луѓето додека таа е среќна”, вели изворот за UsWeekly.