Клои Кардашијан шокираше со новиот изглед – некои мислеа дека на фотографијата е всушност нејзината сестра Кајли!

8 јули, 2020
kloi

Клои Кардашијан не престанува да не шокира со нејзиниот изглед на фотографиите на Инстаграм.

Таа објави фотографија на која позира во латекс минич и дуксер со капа, и многумина забележаа дека нејзиното лице изгледа сосема поинаку.

„Дали си тоа ти? Или Кајли? Или некој друг модел?“, „Дали е тоа Ариана Гранде?“, „Ова дефинитивно не си ти“, „Чекај, ова не е Кајли?“, „Изгледаш сосема поинаку“, „Навистина мислев дека ова е Кајли“, „ Чекај, сакате да ми кажете дека ова е Клои? “, „Не верувам дека е таа “, се прашуваа нејзините следбеници.

View this post on Instagram

location: under bitches skiiiinnnnn 💋

A post shared by Khloé (@khloekardashian) on

Клои веќе некое време беше критикувана за користење премногу Фотошоп, а некои тврдат дека станува збор за пластична операција.

„Клои не се грижи за коментарите што ги добива од луѓето кои тврдат дека не личи на себе. Таа смета дека изгледа одлично и не и е грижа што мислат луѓето сè додека таа е среќна“, изјави извор UsWeekly.