Колку пари ќе добијат Меган и Хари за првото интервју?

14 април, 20200
хари

Неодамна престанале сите погодности и благодети кои ги имале Меган и Хари како членови на кралското семејство. Но, кога станува збор за пари, парот е далеку од банкрот, иако така се пишуваше во изминатиов период. Нивните пари доаѓаат од различни извори и без разлика што го напуштија кралското семејство,тие и понатаму ќе добиваат одредена сума на пари.

А со оглед на тоа што веднаш по напуштањето на кралицата Елизабета II станале главна тема во светот, голем број на компании и телевизии се натпреваруваат за да добијат ексклузива од моментално најпознатиот пар.

Се шпекулира дека само за едно интервју ќе добијат околу 900 илјади долари. Пред неколку месеци се појавиле првите претпоставки дека Меган ќе даде интевју во некое ток шоу. Станува збор за Опра Винфри. Но постои сомнеж дека ексклузивата сепак ќе појде во рацете на водителката Елен Деџенерис, со која Меган приватно добро стои.

– Извори блиски до војвотката откриваат дека Опра Винфри има најголеми шанси за интервју по заминувањето од “замокот”- пренесува Daily Star.

Многу љубители на кралското семејство се прашуваат како ќе изгледа името на Хари во документи, а британските медиуми успеале да се “докопаат” и до тој податок.

Во документите кои Хари неодамна ги потпишал стои неговото полно име- Принц Хенри Чарлс Алберт Давид, Војвода од Сасекс. Она што недостасува е титулата HRH (His Royal Highness) но и кралското презиме Маунтбатен-Виндзор, кој му го дал на свјот син Арчи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *