Конечно се знае се за новата врска на Бред Пит!

29 август, 2020
profimedia-0294648343

Уште откако беше снимен на почетокот од оваа недела со германскиот модел, 27-годишната Никол Потуралски, 56-годишниот актер Бред Пит не преста да ги полни насловните страници во медиумите. Извор близок до актерот вели дека патувањето на двојката во Франција е нова вест дури и за некои нивни блиски пријатели затоа што Пит сака да биде многу приватен кога станува збор за љубовниот живот.

Двојката се очекува да остане на имотот на Бред, Миравал, кој тој и Анџелина го купиле заедно во 2011 година кое вреди 67 милиони долари. Тоа е местото каде што се венчаа во 2014 година.


Наводно, Бред ја запознал манекенката во еден ресторан во Берлин, сопственост на нејзиниот 41-годишен сопруг Роланд Мери.
‘Бред Пит ја запозна Никол минатата година во ресторанот Борхард, сопственост на нејзиниот сопруг Роланд. Актерот доаѓа во тој ресторан со години, а со Роланд се познава веќе подолго време. Никол му го даде својот телефонски број штом се сретнаа и тука започнаа искрите меѓу нив. Дури и некои од нивните најблиски пријатели не знаеја за тоа. Тој беше воодушевен од нејзината убавина и харизма, но беше многу приватен во врска со излегувањето и не сакаше дополнително да ја расипе својата врска со поранешната сопруга Анџелина Џоли.
Тој толку напорно работеше за да може, нивниот однос и договор за децата да се одвиваат непречено. Нејзините пријатели ја опишуваат како многу приземна, што на Бред му се допаѓа ‘, вели извор близок на новата двојка. Патем, Пит и Потуралски се дружеа од минатиот ноември кога беа фотографирани за време на концертот на Кание Вест во Холивудскиот сад.

View this post on Instagram

Needed the beach so much #daytrip 🌼

A post shared by Nico (@nico.potur) on


Според моментално познатите информации, новата девојка на Бред понекогаш го користи уметничкото име Нико Мери, а е претставена од три агенции за моделирање. Висока е 178 сантиметри, а досега ја краси насловната страница на германското издание на „Харперс базар“ и септемвриското издание на германското „Еле“.
Според Дејли Меил, како дете сакала да стане морски биолог, но на 13-годишна возраст ја открил ловецот за таленти во Париз Дизниленд. Напишано е и дека зборува пет јазици, а Пит наводно бил воодушевен кога ги слушнал информациите.


Никогаш не зборувала за Бред, но на крајот на март, преку социјалните мрежи, навести дека има подобра половина во нејзиниот живот. „Саботите овие денови служат за интроспекција, читање книги и дружење со подобрата половина“, напишала таа, а и на нејзиниот сопруг, со кого исто така има син, очигледно не му пречи новата љубовна романса.

View this post on Instagram

💜 purple and babyblue are my faves

A post shared by Nico (@nico.potur) on

escort - Korsan taksi