Конечно знаеме со што се занимава Камерон Дијаз после откажувањето од актерството!

10 јули, 20200
kameron

И официјално – Камерон Дијаз најде нов начин за заработка. Заедно со нејзината долгогодишна пријателка Кетрин Пауер, таа влезе во бизнисот на вино, а две нејзини пријателки, под назив Avalin, лансираа органски вина без адитиви или било какви животински додатоци.

Камерон Дијаз (47) и Кетрин Пауер (40) се решија на овој потег откако заклучија дека денес има многу различни вина на пазарот, но сите во нив имаат непожелни состојки. “Се започнува во лозјето, со земјата, и се зависи од тоа како ќе се третира грозјето сè додека не стане вино. Ако не пиете вино со органско одгледувано грозје, всушност пиете пестициди, и сигурно не го сакате тоа во вашето тело”, рече Камерон Дијаз за „InStyle“.

Иако многумина мислат дека виното е само ферментирано грозје, актерката родена во Калифорнија брзо научи како омилениот пијалок на многумина всушност може да се направи со повеќе од 70 различни адитиви. “Го знаете оној момент кога усните ви се пурпурни од црвено вино? Па, тоа не е природно. Тоа е боја наречена MegaPurple.” , рече Дијаз, додавајќи дека повеќето вина не се наменети за вегани. Луѓето едноставно заклучуваат дека виното што го пијат е веганско, но тоа не е случај. Повеќето од нив се филтрираат преку белците од јајца или рибјиот мочен меур.

Затоа пријателките на Камерон Дијаз, решија да произведуваат исклучиво органски вина. За да направат совршено вино, наменето за вегани и направено од органско грозје без никакви непотребни адитиви како шеќер, бои и концентрати, двете отпатуваа низ Европа, пробуваа вина и учеа повеќе за нив.

“Ова не е некој проект каде се откажуваме од нашето лице или името на производот. Ова беше многу долго патување низ целиот свет за да ги пронајдеме најдобрите винари и да ги пробаме вината што сакаме да ги произведеме, што беа во согласност со нашите здравствени критериуми. Буквално ’тропавме’ на вратите во Франција, Шпанија и Италија “.

Ним им беа потребни две години да го добијат виното што го посакуваа, а белото и розевото вино се моментално на понуда. За да изберат моќно, но женско име за нивниот бренд, Камерон Дијаз и Кетрин Пауер користеа генератор што родителите обично го користат за да смислат имиња за нивните деца.

‘За пронаоѓањето на вистинското име им требаше многу време и беше лудо. Постојат стотици илјади вина во светот, така што повеќето од имињата веќе беа зафатени. Напишавме цели документи со имиња на деца и ова е единственото име што и на двете ни се допадна. ‘

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi