Корона вирусот е ужас, но сакам што сум со семејството, а учам и руски. Новак Ѓоковиќ ирскрено за пандемијата и кризата!

19 април, 2020
nole-mali-620x350

Катастрофата што го погоди цел свет, можеби некој луѓе ќе ги зближи.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ вели дека пандемијата во светот ги има своите добри и секако лоши страни.

Тој опфаќа многу теми во своето едночасовно интервју со Стен Вавринк, а разменија и мислења за тоа како влијае врз нив кризата со короната.

Необично е бидејќи е првпат. Во последните 15 години за првпат сум на едно место скоро два месеци и минувам време со сопругата и децата. Короната е страшна за луѓето низ целиот свет затоа што многумина губат животи и се борат, но од друга страна, на некој начин ние сме и благословени да бидеме со семејства.

Особено ние тенисерите секогаш сме под адреналин, патуваме, немаме време да размислуваме за ништо. Имаме максимум две недели одмор затоа не се жалам. Моето време поминато со семејството е убаво, но се обидувам реално да ги гледам работите, објасни српскиот тенисер.

Почнав да учам малку руски и морам да го подобрам францускиот. Исто така германски, ќе работам и на тоа. Има време да се чита, го правам и тоа, додаде тој.