Кортни Кардашијан повторно трудна?!

16 април, 2020
kardashian

Откако Кортни Кардашијан објави фотографија во долна облека и раскопчана кошула, откривајќи ја стомакот, многу фанови се прашуваа дали славната Кардашијан повторно е бремена.

„Дали сте бремена“, „Доаѓа вашето четврто бебе“, Бремена, бремена“, коментираат фановите под сликата.

Кортни на Инстаграм Лајф им одговори на овие коментари дека на сликата воопшто не изгледа бремена.

View this post on Instagram

@poosh

A post shared by Kourtney Kardashian (@kourtneykardash) on

„Можев да ги прифатам овие коментари како навредливи. Помислив: Дали навистина изгледам бремена? Но, знам дека не изгледам како бремена жена. Јас бев три пати бремена и знам како изгледа моето тело кога сум во ваква состојба“, кажа Кортни.

„За мене е многу женствено да имам облини и го прифаќам моето тело, така што коментарите не ги осетив како навредливи. Читав некои коментари. Ми се допадна оној што рече: „Мислев дека сте бремени затоа што имате облини и изгледате многу женствено”. Некој кажа и нешто позитивно “, додаде таа.

Ѕвездата ги повика фановите да не критикуваат толку многу на социјалните мрежи, особено не телата на славните.

„Луѓето коментираат премногу негативно, не само за нашиот физички изглед, туку и за начинот на кој работиме. Секој има толку многу различни мислења и сите сметаат дека имаат право да коментираат“, заклучи Кортни.