Криси Тиген покажа како изгледа нејзиниот стомак откако го изгуби бебето: “Тажна сум, тоа ме фрустрира!”

24 декември, 2020
pjimage-2020-12-24t092314-491


Тиген истакна дека е благодарна што има две прекрасни деца – Луна и Мајлс, но е свесна дека не може да биде совршена секој ден без проблеми.


Криси Тиген (34), сопруга на музичарот Џон Леџенд (41), го загуби своето бебе пред три месеци и сега објави фотографија на социјалните мрежи каде позира во тесен фустан, но сепак има стомак.

Ова сум јас и моето тело вчера. И покрај тоа што не сум бремена, секој поглед во огледало ме потсетува на тоа што можеше да биде. Не знам зошто сè уште имам стомак. Тажна сум, тоа ме фрустрира – напиша Криси и додаде:

-Горда сум на тоа каде ова патување ги однесе моето тело и ум. Среќна сум што имам две неверојатни деца кои од ден на ден се претвораат во големи мали луѓе – пишува во овјавата која „собра“ илјадници пораки за поддршка за неколку часа.


Тиген истакна дека е благодарна што има две прекрасни деца – Луна и Мајлс, но е свесна дека не може да биде совршена секој ден.
Откако го загуби синот, кого го нарекоа Џек, Криси сподели на Инстаграм серија шокантни фотографии на кои таа и нејзиниот сопруг го милуваа. Следбениците и обожавателите им испраќале пораки за поддршка и и рекле дека ја ценат нејзината искреност и дека се со неа во моменти на тага. Џон им се заблагодари за сè во објавата на социјалните мрежи.

-Благодарам на сите што се молеа за нас, ни испратија зборови за утеха и се сочувствуваа со нас. Ние ја цениме вашата љубов и поддршка повеќе отколку што вие самите знаете. Слушнавме толку многу приказни за други семејства кои ја доживуваат истата болка. Тоа е клуб во кој никој не сака да биде, но е утешно да знаеме дека не сме сами. Сигурна сум дека Криси ќе има многу повеќе да каже за тоа кога ќе биде подготвена – рече музичарот.