Кристијан на слобода! По осум години Голубовиќ излегува од затвор!

14 април, 20200
kr

Александар Кристијан Голубовиќ во четврток ќе се најде на слобода, бидејќи тој ден му истекува казната од осум години затвор, на кои бил осуден поради трговија со дрога. Актерот во филмот “Vidimo se u čitulji” и поранешниот учесник во реалното шоу “Фарма” на 16 април треба да го напушти затворот во Пожаревац.

Голубовиќ неколку пати поднесувал молби за условна казна, бидејќи се стекнал со такво право по отслужување на две третини од казната, но Високиот суд не му излегол во пресрет, така што тој морал да ја отслужи казната во затвор до последниот ден!

– Голубовиќ целосно ја отслужи казната, немаше скратување, ниту намалување ниту еден единствен ден- потврдил неговиот адвокат.

За потсетување, Голубовиќ бил уапсен за организирање на криминална група која тргувала со хероин од почетокот на август 2009 година до 16 јануари 2010 година, кога е уапсен пред црквата Свети Марко во Белград. Полицијата тој ден запленила 125 грама хероин и парацетамол, како и еден пиштол.

Пред судот Кристијан се бранел дека не шверцувал дрога од Нови Пазар, туку дека набавувал ќебапи и парфеми.

Кога во четврток ќе излезе од затворот, тој ќе биде потполно слободен човек. Еден негов познаник кажува дека Голубовиќ планира да се смири и да го смени животот кога ќе се најде на слобода.

– Можно е многу брзо да се најде во едно од двете актуелни реалити шоуа, расположен е затворот да го замени со живот пред камерите и на тој начин да заработува пари кои му се потребни- открива неговиот познаник и додава дека Кристијан е психички потполно подготвен да го продолжи и понатаму животот во затворен простор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi