“Култовите ни го заробија умот и семејствата, едвај се спасивме”

23 јуни, 20200
Annotation 2020-06-23 013315

Глумица наводно носела во култ нови следбеници кои подоцна би станале сексуални робинки, па морале во се да им угодуваат на постарите, машки членови. Жртвите наводно биле присилени на физичка работа и секс…

Илјадници организации ширум светот може да се класифицираат како култ. Многумина сметаат дека членовите на култови не се нормални, но во реалноста сите можат да бидат дел од истото, па дури и “познати фаци”

Некои познати пораснале во таква средина, некои можеби не но имале искуство кое влијаело врз нив. А трети  пораснале во услови каде луѓето се дефинирани како култ, но таквиот начин на живот го сметале за необичен.

Глумицата Алисон Мек (37) ја шокираше јавноста во 2017 каде се дознало дека е член на насилен сексуален култ “NXIVM”. Овој култ е создаден во 1998 од страна на Keitha Raniera и Nancy Salzman. Воден е со филозофијата како луѓето можат покрај религиски верувања и хипноза да одговорат и на важни прашања за тоа што значи да се биде човек. Но NXIVM исто така вклучил мала подгрупа под името “DOS” или Dominus Obsequious Sororium што значи “Господар над жените робинки”. Глумицата наводно на Кејти и носела нови следбеници кои набрзо би станале сексуални робови, па морале во се да им угодуваат на постарите машки членови.

Жртвите наводно биле присилувани на физичка работа и секс, а притоа биле вербално понижувани дури и обележани. “NXIVM” јавно се прикажала како самопомош, опишана е како ‘заедница водена од хуманитарни начела кои настојуваат да ги зајакнат луѓето и да одговорат на важни прашања за тоа што значи да се биде човек’.

Глумецот Џоакин Феникс пораснал во секс култ, а помладиот брат Ривер починал пред него на 23 годишна возраст.

Никој со такво минато не може да испадне нормален – искоментира еден уредник.

44th Toronto International Film Festival

Родителите на глумецот Џон (77) и Арилин Ботом (74) се запознале додека таа стопирала во Мексико, а тој ја собрал со колата. Двајцата биле ‘со слободен дух’ и заедно ги пропатувале Соединетите Американски Држави и Јужна Америка, ширејќи наука за религиозниот култ ‘Божји деца’.

Неговите родители станале сомнителни околу науката на култот кога тој имал три години и одлучиле брзо да го напуштат. Нивните грижи се покажале како оправдани кога се појавила информација дека водачите на овој култ поттикнуваат секс меѓу возрасни и деца, како и групен секс и инцест. Покојниот Ривер своевремено рекол дека ја изгубил невиноста на четири години, а Феникс раскажал дека неговите родители не знаеле што навистина се случува во култот.  

Мишел Фајфер (62) имала само 20 години кога стигнала во Лос Анџелес и тогаш паднала под влијание на еден пар кој се обидел да ја убеди да живее без храна и вода. Вели дека парот со неа се обидел да манипулира и ја ставиле на диета ко која никој не може да се придржува. Според нивните верувања, телото би требало да ги доива сите супстанци кои му се потребни од сонцето. Иако тогаш била во многу тешка финансиска состојба, требала уште и да плаќа за нивното  ‘водство низ животот’.

Успеала да се извлече дури кога со Петар Хортон, подоцна нејзин прв сопруг, добила улога во филмот ‘Moonies’, кој се бавел со култовите. Додека со Петар го истражувала материјалот за филмот, вели дека во еден момент само и ‘кликнало’ и сфатила дека и таа е во култ.  

– Се обидуваа да котролираат се што правам во животот. Не живеев со нив, но поминував со нив доста време, а и тие секогаш ми велеа дека би требала почесто да доаѓам. Со тоа, морав и да го плаќам тоа време кое го поминував со нив, а тоа сериозно влијаеше на мојот буџет – откри Мишел.

Кога Глен Клоус имала само седум години, нејзините родители влегле во контроверзен меѓународен култ и главната идеја на култот била промената на светот да почне од поединецот. Култот којшто го водел верскиот фанатик Франк Баухман од Пенсилванија бил заснован во 1938.

И седиштето му било во Швајцарија. Глен и нејзините браќа и сестри биле пратени да живеат во седиштето на групата во Швајцарија и таму останале две години додека нивниот татко бил во Африка.

The 23rd Annual Palm Springs International Film Festival Awards Gala - By Lionel Hahn

-Всушност, не смеевте ништо да направите туку би чувствувале вина доколку ви имале било каква ‘неприродна’ желба. Беше навистина тешко, бидејќи кога успеав да се оттргнам од култот немав доверба  во било кој свој инстинкт бидејќи мислев дека сите тие се наметнати. Поради тоа еден период од својот живот навистина го презирав својот татко. Дури му напишав дека не заслужува себе си да се нарече ‘татко’ бидејќи беше толку груб кон сопствените деца- кажа во една прилика.

Како што кажува Глен Клоуз секој од браќата морал подоцна да го помине својот процес на простување на родителите поради нивните грешки. Откако култот пропадна во 1961 по Бухмановата смрт, се обидуваше да го сфати однесувањето на своите родители.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi