Легендарниот актер го ставил својот брак на аукција!

7 април, 20200
gladiator

Легендарниот новозеландски актер Расел Кроу денес го слави својот 56ти роденден. Роден е на 7 април 1964 година во Велингтон, а најголемиот дел од животот, како и сега, живее во Австралија. Неговата кариера брои учество во многу серии и филмови меѓу кои во 1990тите години тој глумеше во серијата „Полициско спасување“, а учествување и во „Дивиот чекор“. Сепак, публиката најмногу го памети по неговата улога во култниот филм „Гладијатор“.

Филмот „Гладијатор“ во 2001ва година му ја донесе престижната награда Оскар за најдобра машка улога. Што се однесува до неговиот приватен живот, актерот во 2003та година се ожени со пејачката Даниела Спенсер (50). Тие се запознале во 1990 година за време на снимањето на филмот „The Crossing“, но нажалост се разведоа во 2018 година.

Двојката има две заеднички деца: синот Чарлс (16) и Тенисон (13). Доколку двојката сѐ уште беше во брак, актерот денес ќе ја славеше и својата годишнина од свадба со оглед на тоа што стапија во брак на неговиот роденден.

Актерот направил свој интересен психолошки ефект за да се ослободи од сè што го потсетува на пропаднатиот брак. На денот на својот 54ти родеенден, а воедно и годишнина од брак, Кроу во Сиднеј ја организираше аукцијата „Уметност на разводот“.

Кроу изјавил:  „Се работи за моментот на ослободување во мојот живот. Морам да се справам со тоа некако, на свој начин“.

На денот на аукцијата Расел бил присутен во салата. Една жена од публиката станала и му запеала роденденска песна. Тој потоа се качил на сцената и накратко ги поздравил присутните, со што повторно посочува на неговата голема душа и пријателски пристап кон секого.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi