Лејди Гага отворено зборува за менталните проблеми: „Се плашев да ја напуштам куќата!“

20 септември, 2020
183927_screenshot-1_ls

Американската поп-пејачка Лејди Гага во 2014 година откри дека се бори со депресија, а сега откри и детали за тоа како се чувствувала, со надеж дека ќе им помогне на другите.

“Се сеќавав дека бев Лејди Гага секое утро кога ќе се разбудев. Тоа беше товар, станав депресивна”, објасни таа.

Како што вели, се плашела и да ја напушти куќата, а кога тоа ќе се случело, таа само ќе седела надвор со часови, плачела и пушела. Сепак, одлучи да побара стручна помош, а покрај терапијата, многу ѝ помогна и музиката, пренесува People.

“За мене, слобода е кога ќе ги посетам најтемните делови на душата и ќе се потсетам на многу тешки работи, кои не се оставаат така лесно. Ми недостасуваше чувството да бидам човек – затоа бев истовремено среќна и депресивна”, изјави Лејди Гага.

Да потсетиме, таа често зборува за траумата која врз неа остави трага силувањето кога имаше само 19 години. Сепак, и покрај тоа, во секоја ситуација, нагласува дека е голем борец и дека сака да биде пример за оние кои минуваат низ истите проблеми.