Лекарите и порачаа на Анџелина: ‘Јади или ќе умреш’

25 јуни, 20200
Annotation 2020-06-25 115635

Ситуацијата е сериозна

Иако со години се пишува за тежината на глумицата Анџелина Џоли, од почетокот на оваа година се зборува дека се одлучила да штрајкува со глад. Се тоа, според пишувањата на странските медиуми, започнало поради повторното дружење на нејзиниот бивш сопруг со Џенифер Анистон. Со оглед на тоа дека медиумите не престануваат да пишуваат, многумина се загрижени за здравјето на 45-годишната глумица.

angelina jolie

Покрај обожавателите, за неа се загрижени и нејзините најблиски и лекарите ‘Јади или ќе умреш’, и порачаа тие, кои веќе некое време го следат нејзиниот начин на живот. Како што еднаш пишуваше магазинот ‘NW’, Анџелина знае да пости и по неколку дена. ‘Претходно јадеше половина чинија снегулки наутро па мала салата и парче пица покасно, но нејзиниот желудник сега ни тоа не може да го поднесе. Кога ќе види храна, или го почувствува нејзиниот мирис, и се превртува желудникот’, рече своевремено извор близок на глумицата.  

Со оглед на тоа дека Анџелина е секогаш отворена кога станува збор за нејзиното здравје, многумина чекаат да се огласи и околу овој проблем. Но, некои сметаат дека тоа никогаш нема да се случи бидејќи во една прилика му пратила отворено писмо на магазинот ‘Time’ во кое зборува дека досегашната искреност за здравјето навистина доста ја чинело, па во иднина тоа ќе го чува само за себе и своето семејство. ‘Се надевам дека уште многу години ќе пружам на себе и на децата’, кажа тогаш и даде до знаење дека внимава на себе. 

И покрај тоа што го кажа, обожавателите се загрижени бидејќи на сите paparazzi фотографии изгледа навистина слабо. Дали има некаков проблем позади сето тоа, може само да се претпоставува со оглед на тоа дека Анџелина и понатаму не ги коментира споменатите информации за штрајкот со глад.  

Angelina Jolie

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi