Лила нема намера да ги крие годините, а ниту полната соба торти и подароци кои ги доби за роденденот, но еден ептен ја погоди (видео)

16 октомври, 2020
lila 2

Постојат толку многу жени кои стареат достоинствено, што за момент ќе помислите дека времето врз низ фрлило некаква магија, а токму една од нив е нашата позната ТВ водителка Лила Филиповска.

Лила вчера наполни 49 години и дојде на прагот на шестата деценија од животот. Но таа вели, ако би требало да избира помеѓу младост и мудрост, би го избрала второто и не би се вратила ниту една година наназад. Среќна пред се за своето здравје и се она што го искусила, односно и го дал животот.

-Отворам очи сабајлево … и бум … 49 години. Па добро си викам .. не се 100, летаат годиниве, летаат ко минути и така драги луѓе среќна што сум здрава и жива сфаќам колку си ги сакам годините со сѐ што поминало низ нив. Какви и да се мој си се и не би се вратила ни година наназад. Секоја доба своја убавина и ако бирам меѓу младост и мудрост го бирам второво. Ама што има тука да се бира …. тоа е животот. Ќе уживам и ќе се смеам се дур имам заби и еве вака ќе се качувам по маси да се сликам дур имам вакви нозе. Краток е животот драги мои затоа да го уживаме максимално, и во лошото да наоѓаме добро, да си го гледаме својот двор, да шириме позитива и љубов , да си помагаме да се сакаме, а сега е најбитно да останеме здрави, живи и безбедни. И фала Ви на безбројните убави пораки кои ми пристигнуваат на постовите и во пораки ако не стигнам да Ви вратам еве овде ќе го направам тоа и бескрајно БЛАГОДАРАМ за поддршката која толку години ме држи тука околу вас и заедно со Вас… Ве сака Ваша Лила, пишува славната ТВ водителка на својот исто толку популарен Инстаграм профил.

View this post on Instagram

Отворам очи сабајлево … и бум … 49 години ⚡️⚡️⚡️ Па добро си викам .. не се 100 😂 летаат годиниве, летаат ко минути 💥 и така драги луѓе среќна што сум здрава и жива сфаќам колку си ги сакам годините со сѐ што поминало низ нив. Какви и да се мој си се и не би се вратила ни година наназад. Секоја доба своја убавина и ако бирам меѓу младост и мудрост го бирам второво. Ама што има тука да се бира …. тоа е животот. Ќе уживам и ќе се смеам се дур имам заби 😜 и еве вака ќе се качувам по маси да се сликам дур имам вакви нозе 🤪 Краток е животот драги мои затоа да го уживаме максимално, и во лошото да наоѓаме добро, да си го гледаме својот двор, да шириме позитива и љубов , да си помагаме да се сакаме, а сега е најбитно да останеме здрави, живи и безбедни❤️ И фала Ви на безбројните убави пораки кои ми пристигнуваат на постовите и во пораки ако не стигнам да Ви вратам еве овде ќе го направам тоа и бескрајно БЛАГОДАРАМ за поддршката која толку години ме држи тука околу вас и заедно со Вас…❤️❤️❤️ . Ве сака Ваша Лила ❤️

A post shared by Lila (@lilafilipovska) on

По роденденскиот ручек на кој ги собра најблиските и пријателите за што претходно пишувавме, Лила го наполни својот дом со разни подароци, оние што ги доби непосредно, но и такви што подоцна и доаѓаа на домашна адреса.

Торти, колачи,многу букети со цвеќиња, парфеми, козметика… Но, еден подарок особено и се допадна, а тоа беше аксесоар круна во златна нијанса од нејзината пријателка и соработничка Елена Пандева.

Секако, не ќе беше се’ комплето ако Лила не испозираше со круната на главата и со  убавите нозе качена на маса, во знак на тие 49 со кои одлично се носи.

escort - Korsan taksi