Макс Ерик, Деми Ловато ја прави најсреќната жена на светот

5 јули, 20200
demi lovato

Деми Ловато не е ни малку срамежлива- и не треба да биде. Новата фотографија која ја објави со своето момче Макс Ерик го прикажува нејзиниот живот во кој е конечно среќна.

27 годишната пејачка објави селфи како се бакнува, покажувајќи им на фановите дека ужива во моментите кои ги поминува градејќи нова романса.

“Ова ми е омилена заедничка фотографија. Ти благодарам што ме правиш најсреќната жена на светот” напиша Деми под објавата.

Ловато и Ерик се заедно од март оваа годна, а гласините дека се во врска се појавија откако глумецот и се придружи на лајв видеото. Од тогаш заедно го поминуваат времето во самоизолација. Врската ја потврдија во мај оваа година, кога заедно се појавија на видео за спотот на песната “Stuck with U” кои ја објавија Џастин Бибер и Аријана Гранде.

Пејачката на глумецот јавно му честиташе роденден, минатата недела, говорејќи дека го сака највеќе на светот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *